дома Живот Ресенчани бараат карантин под итно!!!

Ресенчани бараат карантин под итно!!!

6909

Граѓаните на Ресен вечерва на социјалните мрежи со неверување изразуваат сочуство на претседателот на ракометниот клуб РК Преспа, Илче Котевски. Почина еден од првите заболени од корона, а за кого последниве неколку дена семејството бараше крвна плазма од излечен од корона вирус. Но, за жал, не успеа да се извлече од болеста.  Градот денеска бележи и втор смртен случај во еден ден. Станува збор за маж на педесетина години, кој починал во Скопје набрзо по хоспитализирањето. И кај него е регистриран корона вирусот.

И додека градот ги брои починатите и заболените, политичките партии ја продолжуваат изборната трка. Вечерва ВМРО-ДПМНЕ организираше  митинг на кој велат сведоци дека не се почитуваат мерките на заштита. Затоа дел од Ресенчани го повикуваат минситерот Филипче градот под итно да го стави во карантин, по примерот на Дебар и да се забрани влез и излез во Ресен, сметајќи дека тоа е единствен начин да се спречи ширењето на вирусот.

По денешната препорака на градоначалникот на Ресен, Живо Гошаревски, индустриските погони да останат затворени уште една недела, вработените во овие капацитети велат дека дури утре ќе знаат дали ќе им се продолжи приндуниот одмор, но потврдуваат дека во нивните фабрики има голем број на заболени.

Н.Доковска