Револтирани родителите од најавите на министрите Филипче и Адеми дека децата треба да се вратат во училиште, се организраат и бараат начин да ја спречат оваа иницијатива и директно да влијаат на намалување на ширење на заразата.

Ако се има предвид дека децата се најголеми преносители на заразата, тогаш станува не јасно зошто толку се инсистира на тргање на училиште од септември.

А и денештте бројки се обесхрабрувачки, особено ако се има предвид дека оваа бројка се очекува да расте во наредните денови, а како резултат на годишните одмори и групирањата по плажите.

Родителите со цел да извршат влијание врз ресорните министри, по социјалните мрежи се собираат и бараат одговорност од минситрите Адеми и Филипче доколку барем и едно дете се разболи за време на наставата…

Во еден од статусите на социјалните мрежи се вели: „Повикување на одговорност е нешто што кај нас редовно се пропушта. Тоа меѓу другото е задача на новинарите, на пример на прес-конференции да ги повикуваат на одговорност функционерите, тоа меѓу другото е задача на правниците, да ги повикуваат на одговорност функциониерите кога постапуваат спротивно на насоките кои се прецизно наведени во Уставот како највисок правен акт во државата, тоа меѓу другото е задача на секој поединец, граѓанин на оваа држава. Негово право и негова обврска е, активно да учествува во обликувањето на одлуки кои ги засегаат сите сегменти на неговото живеење – не само на избори со гласање туку секојдневно ако е потребно. Германците имаат една изрека, дека „политичарот е како бебе, треба секој ден да му менуваш пелени“ што значи дека таму, се многу свесни дека на нивните политичари им треба контиунирано и редовно потсетување зошто врз нив е делегирана обврската за разумно да ни ја водат државата. И потсетување, КОЈ врз нив ја има делегирано таа обврска. Имено народот. И затоа германската држава функционира и претставува пример во цел свет за ефикасност, во било кој микро- или макро-сегмент на германската држава.“

Група на родители бараат одговорност и затоа ги повикуваат родителите кои не сакаат да ги пратат децата на физичка настава, свесни за условите во кои се наоѓаат училиштата кај нас, да ги потсетат ресорните министери дека доколку постапат лесноумно со здравјето и животите на нивните деца, или во донесувањето на одлуката застапуваат други видови интерес, а не интересот за здравје и заштита на луѓето, ќе сносат последици. И имаат ставено линк до писмото  што доколку сакате можете да го симнете, пополните и испратите со цел да ги информирате минситрите дека ќе одговараат.

Групата на родителите од иницијатаивата за онлајн настава информираат дека ова известување е отворено, секој кој што сака и смета дека е важно и потребно може да го отпечати или препише, да го потпише и потоа да го испрати до наведената адреса. На тој начин, не само што ќе ги потсети функционерите на нивната суштинска обврска, туку ќе изрази јасен став во врска со оваа актуелна дебата. Но, тие напоменуваат писмото да се испрати како препорачано писмо со повратница, како доказ, дека писмото стигнало до одредиштето.

Н.Д.