Првата љубов, првата алка на децата за насочување кон животот се родителите, но воспитувачите се тука да продолжат да ги насочуваат и едуцираат.
Таа прва љубов, не може никој да ја замени!

Пишува: Светлана Ромева
вработена во приватната градинка
,,СВЕТОТ НА КОЛОРЕС”- Карпош

Ние како тим само ја дополнуваме!
Затоа родителите имаат важна улога во нашата тимска работа каде заедно ја  создаваме стимулативната средина за нашите дечиња.

Принципите кои родителите  ги придонесуваат во тимската работа го зајакнува односот воспитувач – дете.

Овие принципи можат само дополнително да го олеснуваат престојот во градинка и сè што треба да правите е да ги препознаете и практикувате овие области.
Дел од нив се и прашањата кон детето :Што работевте денес?, Можеш ли да ми покажеш како сте го направиле тоа?, Кој дел од активноста ти е омилен?

Децата треба да учат и размислуваат за своите активности.

Ова е научена вештина. Затоа секогаш треба да ги прашувте што им се допаднало најмногу за време на престојот во градинка. Најкорисно е кога ќе се следи со уште едно прашање како: “Зошто?”.

За многу мали деца, им дава  поттик што ги илустрира чувствата – забавно, возбудливо, интересно, лесно, тешко и здодевно, итн.

Често помага  да се извлечат одговорите. Размислувањето подоцна ќе се вгради во саморефлексија.

Исто така, ако навиката се спроведе, овозможувајќи им на децата да ја препознаат вредноста на воспитувачите и активностите, самото дете ќе ја почуствува довербата на родител-воспитувач.

Засилување на пожелно и позитивно однесување.

Акцент има на активностите кои содржат теми и вредности кои се културно специфични. Тие вклучуваат споделување, да им помагаат на пријателите, да си простуваат еден со друг, да се прифаќаат меѓусебно, тимска работа, да бидат љубезни.

Во занималната, активностите спонтано низ игра се развиваат каде се вклучуваат сите деца се разменуваат идеи каде се поттикнува учеството и кооперативно однесување, воспитувачот е тука секогаш за поддршка и охрабрување.

Тука е и родителот кој продолжува детето да го поттикнува на позитивно однесување кога игра со другарчето или бара нешто од другарчето. Децата не ги учат овие однесувања автоматски, тие се суштински дел од тоа да се израсне во добар возрасен човек.

Почетокот на зајакнување на ова однесување во и надвор од градинката ќе даде позитивни придобивки во иднина.

Никогаш не треба да се оценува детето според неговите врсници.
Секое дете има голем број на позитивни страни, но тие нема да бидат очигледни одеднаш. Отсуството на оценување значи дека децата можат да ги развијат своите вештини и да пробаат нови во релаксирана и природна средина. Затоа нашите воспитувачи поминуваат квалитетно време за да им помогнат на децата да ги развијат вештините без да  чувствуваат  притисок.

Кога планираме активности, ги земаме предвид сите наши деца и нивните различни потреби. Децата со задоволство го прифаќаат тоа движење, а пак визуелните помагала им даваат уште поголема тежина за полесно да ја прифатат активноста. Децата користат комбинација од овие воспитни методи и начинот на кој тие ги користат е секогаш различен.

Бидејќи децата стекнуваат нови вештини, развиваат нови начини за решавање на проблемите и добивање на најмногу од активностите им обезбедуваме низа материјали кои им овозможуваат да експериментираат со различни начини на учење.

Од најголемо значење е прашањето на доверба. Тие ќе ја почуствуваат довербата и дали се во сигурни раце.

Со нашиот тим се секогаш сигурни во исчекување на утрешниот ден кој веќе е испланиран со сите активности.