Еден член на поширокото семејство на пилотот Але Зобајан, кој загина во несреќата со Коби Брајант, реагираше на тужбите на Ванеса Брајант и рече дека верува оти патниците се виновни за несреќата, пишува „People“.

„Целата штета е резултат на неодговорноста на патниците, кои, свесни за ризиците и опасностите, решија да летаат, и покрај лошите временски услови. „Пилотот не е виновен за ништо“, рече таа.

Ванеса Брајант ја тужеше компанијата  „Island Express Helicopters“ во февруари, која е сопственик на урнатиот хеликоптер. Таа изјавила дека пилотот бил одговорен за несреќата затоа што не ги проценил добро временските услови и затоа што не го прекинал патувањето.

Во тужбата се наведува и дека компанијата знаела или требало да знае дека пилотот бил предупреден бидејќи летал во слабо видлива зона.

Во несреќата загинаа шест патници, меѓу кои и Коби, неговата ќерка и пилотот. Истрагата сè уште трае, а досега е утврдено дека немало дефект на моторот.

Н.С.