Натпреварот за песна на Евровизија 2021 ќе се одржи во Ротердам, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Ротердам требаше да биде домаќин на натпреварувачите за песна на Евровизија годинава од 12 до 16 мај, но истата беше откажана поради пандемијата на коронавирус.

Шеесет и петтото издание ќе се одржи следната година во Ахој арената. Тоа ќе биде петти пат Холандија да биде домаќин на натпреварот.

Информациите беа објавени во саботата навечер за време на емитувањето на „ Eurovision: Europe Shine a Light“, настан што се емитуваше низ целиот континент, наместо големото финале на Евровизија.

Програмата се емитуваше во 45 земји, а можеше да се слушне 41 песна во ненатпреварувачки формат. А.Р.