Корона Фото: Profimedia (илустрација)

Руски научници под раководство на раководителот на лабораторијата на Институтот за биоорганска хемија на Руската академија на науките, Јуриј Уткин, пронајдоа нов начин за борба против корона вирусот, користејќи ензим кој се наоѓа во отровот од змиите.

Според истражувањето, најефикасен отров се покажало дека доаѓа од змиите „црн вајпер“ (Vipera nikolski), кои имаат моќна вируцидна активност против ковид-19, пренесува „Спутник“.

Овој вид змија живее главно во југозападна Русија, но и во Украина.

Научниците велат дека отровите од овие змии би можеле да станат ветувачка алатка за создавање нови лекови кои се способни да го „нападнат“корона вирусот. А.Н.