Актуелниот руски претседател Владимир Путин  обезбеди убедлива победа на руските претседателски избори, според делумните резултати што ги објави изборната комисија. И додека никој не се сомневаше во неговата победа, по која ќе владее се до 2024 година, многумина се посомневаа во кандидатурата на единствената жена која одлучи да му се спротивстави.

Која е всушност Ксенија Собчек, единствената жена кандидат на денешните претседателски избори на Русија?

Таткото на Ксенија Собчак бил првиот градоначалник на Санкт Петербург, и на Путин му бил ментор. Бројни медиуми шпекулираат дека Ксенија, всушност, “се бори за власт” против својот кум, иако таа тоа го негира …

Ксенија Собчак е единствената жена која денеска имаше шанса да стане претседател на Русија. Единствената жена која денеска му се спротивстави на Путин е 36 годишна телевизиска новинарка, позната како Руска Парис Хилтон, која била во првите редови на опозициските протести против владата во 2012 година.

Нејзиниот татко, воедно првиот демократски избран градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак, му бил ментор на Путин и близок пријател, поради што многу медиуми тврдат дека Ксенија е всушност кумашинка на Путин, иако ова никогаш не беше потврдено. Дури и кога новинарите прашуваат зошто ја нарекуваат така, таа одговара дека треба да “побараат одговор од луѓето кои го кажуваат тоа”.

Без оглед на протестите во 2012 година, се претпоставува дека е блиска со Кремљ, а оваа перцепција стана посилна кога беше потврдена нејзината кандидатура за кандидат на претседателските избори.

– Не ми е потребна дозвола од некој за да се кандидирам. Тоа е мојата одлука – изјави Ксенија за Си-Ен-Ен.

“Во Русија, за жал, постои шега дека не можете да го одберете вашето семејство, не можете да го изберете вашиот пол и не можете да го одберете вашиот претседател”, рече таа.