Периодот на самоизолација на луѓето кои биле во близок контакт со заразен од коронавирус во Хрватска е скратен од 14 на 10 дена, објави денеска хрватскиот Институт за јавно здравје. Според новата одлука на Институтот, исклучок од тоа правило се луѓето кои работат во институции за сместување и престој за стари и сериозно болни возрасни лица и лица со попреченост, чиј карантин сè уште трае 14 дена, пренесува Индекс.
Во одлуката се наведува дека клиничкиот критериум за прекинување на изолацијата на симптоматски пациент е најмалку три последователни дена без треска без антипиретици и значително подобрување на другите симптоми, додека претходно еден ден беше доволен за прекинување на изолацијата.
За асимптоматски случаи, се препорачува завршување на изолацијата 10 дена по првиот позитивен тест или земање примероци, под услов да немаат развиено никакви симптоми на болеста во тој период. Се додава дека, со цел да се намали ширењето на инфекцијата, сите блиски контакти на пациентот се упатуваат на здравствен надзор во карантин или самоизолација за 10 дена од последниот близок контакт со заразеното лице.
Блиските контакти не треба да се тестираат на почетокот или за време на карантин или самоизолација, освен ако не развијат симптоми на болеста или постои епидемиолошка индикација.
Во Хрватска, 1.413 новозаболени и 18 починаа
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.413 новоинфицирани со коронавирус и 18 смртни случаи.
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 11.311. На болничко лекување има 897 пациенти, од кои 57 на апарати за дишење.До 25 февруари, во Хрватска до денес се евидентирани вкупно 38.621 лице заразено со новиот вирус на корона. Од тоа, починаа 470 лица, 26.840 се опоравија, а во последните 24 часа – 1.003. Во моментов има 27.720 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 457.726 лица, од кои 8.185 во последните 24 часа.
Во Словенија 1.499 овнозаразени, пет лица починаа
„Во Словенија, во последните 24 часа беа потврдени 1.499 нови случаи на коронавирус, врз основа на тестирани 5.756 примероци, а пет лица починаа“, рече владиниот портпарол Јеко Кацин на прес-конференција.
Според него, во таа земја во моментов се активни 16.347 случаи. Во болниците има 560 пациенти, во споредба со претходниот ден кога беа хоспитализирани 523 лица.
На интензивна нега има 86 лица, од кои 57 се на апарати за дишење, пренесува СТА. Бројот на заразени во изминатата недела на 100.000 жители е 780, додека претходниот ден тој број беше 727.
Од почетокот на епидемијата во Словенија, заразени се 25.580 лица, од кои 256 починале.
Во Босна и Херцеговина 1.534 новоинфицирани и 20 починати пациенти
Во последните 24 часа во БиХ, 1.555 лица заболеле од корона вирусот, додека 21 пациент починал, а 3.158 биле тестирани, што значи дека секое второ лице е заразено.
Тоа е најголем број на пациенти за еден ден досега, пренесува порталот „Кликс“. Бројот на новоинфицирани е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 703 новоинфицирани.
Само од Федерацијата БиХ, од вкупниот број новозаразени, 909 лица се регистрирани меѓу 1.720 тестирани примероци и 15 смртни случаи. Новозаразените се од сите кантони во ФБиХ.
Досега се тестирани вкупно 196.308 примероци во ФБиХ, а вирусот е потврден кај 27.649 лица.
Од денес, во Федерацијата БиХ се излекувани 18.567 пациенти, а изминатите 24 часа се опоравиле 2755. Во моментов, активни се 8.358 случаи позитивни на коронавирус. А.Р.
