Од денеска во продажба се пуштени ограничен број влезници за концертите на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа. Авалон Продукција соопшти дека со цел да ги исполни желбите и на битолчаните да имаат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и во Битола, ги организира трите концерти на Хераклеа.

Публиката ќе може да ги види артистите во следните денови:
-Амира Медуњанин- 08-ми август, почеток 21 часот
-Дарко Рундек- 14-ти август, почеток 21 часот
-Жељко Бебек- 22-ри август, почеток 21 часот

Во продажба се само 600 влезници од концерт, преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт.

-Покрај нашите пријатели и компании Алкалоид- Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Казино Фламинго- Скопје, Винарија Тиквеш и Божиновски часовници и накит, овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на општина Битола, следејќи ги договорените протоколи на Министерството за здравство под кои ќе работиме во наредниот период- велат од Авалон продукција.

Организаторите потсетуваат дека носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт. А.Р.