дома Култура Литература Сашо Огненовски добитник на меѓународната книжевна награда „Богдани“

Сашо Огненовски добитник на меѓународната книжевна награда „Богдани“

73

Македонскиот писател Сашо Огненовски е добитник на меѓународна книжевна награда „Богдани“ од Меѓународната писателска асоцијација „Пјетер Богдани“. Асоцијацијата со седишта во Брисел, Белгија и Приштина, Косово ја доделува оваа годишна награда за писателски опус или книга. Огненовски наградата ја доби за својот поетски опус.

Сашо Огненовски е роден 1964 год. во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на отсекот за комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Работел како актер во Народниот театар од Битола и како стручен соработник на Педагошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот универзитет. Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и  книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик. Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.