дома Култура Театар и Филм Свечено отворање на 14. ПАНФИЗ на отворено на платото пред МНТ

Свечено отворање на 14. ПАНФИЗ на отворено на платото пред МНТ

35

И оваа година со оглед на актуелната ситуација во светот со корона-кризата 14. ПАНФИЗ по втор пат ќе се одржи на отворено и тоа пред МНТ-платото на северозападната тераса. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Во случај на невреме претставите ќе се играат на малата сцена на МНТ. Билетите ќе бидат поделени пред претставата по принципот прв дојден прв услужен, за сепак да се создаде некаков ред во однос на препораките. Дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за заштита на присутните.

-Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а  ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт  Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“ – порачуваат организаторите.

Како што велат, „идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е“.