Во првите избори организирани од СДСМ по 14 години, ВМРО ДПМНЕ загуби во повеќето од осумдесетте општини и градот Скопје. Првите податоци што ги изнесе ДИК вчера по полноќ, говорат дека СДСМ однесе победа во повеќето општини и градот Скопје.

Петре Шилегов е новиот градоначалник на Скопје, прогласија од СДСМ. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на првата прес конференција вчера по изборите изјави дека презема најголема одговорност и побара да се испита состојбата внатре во партијата и да се утврди вината за евентуалните лоши резултати на ВМРО ДПМНЕ.

izboriIIСоцијалдемократите, со прославата пред Владата, на која се обрати и премиерот Зоран Заев, прогласија победа.

Оливер Спасовски, првиот човек на МВР, изјави дека изборите поминаа мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Од Државната изборна комисија оценија дека Локалните избори биле фер, демократски и без инциденти.

И домашните и меѓународните набљудувачи ги оценија изборите како мирни со незначителни нарушувања на процесот.

текст.мк