дома Живот СДСМ посветена на еколошки европски вредности

СДСМ посветена на еколошки европски вредности

379
„За Владата предводена од СДСМ, заштитата на животната средина е врвен приоритет. Тоа се потврдува и стратешката рамка “Акција 21”, со која се преземаат сериозни чекори за заштита на животната средин“а – рече Наташа Доковска член на Комисијата за заштита на животната средина, на денешната прес конференција на СДСМ.
„Заштита на нашите природни богатства, за чиста и здрава околина потребна е силна и бескомпромисна борба. Затоа, до 20 пати ги зголемивме казните за прекршоци против животната средина и воведовме 24 часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати.
Извршивме вмрежување со локалните капацитети, ги зајакнавме и нивните ингеренции, а првите резултати од овој чекор, ги очекуваме во првите три месеци од оваа година.
За 2021 година предвидени се 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност како и обновување на урбаното зеленило, како дел од Програмата за намалување на аерозагадувањето.
Оваа година година продолжуваат инвестициите во замена на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси.
Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која досегашните комунални инспектори и екопатроли ќе можат заеднички да преземаат мерки против загадувачите.
Од државниот буџет со 70 милиони евра ќе се финансира еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје со цел обезбедување чист воздух во главниот град, а истовремено, ќе продолжат и субвенциите за набавка на инвертер клими за дополнителни 5000 домаќинства.
Во 2021 година еден од главните приоритети е зголемување на процентот на заштитени природни подрачја. Годинава продолжуваме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.
Паралелно тече постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, постпака за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа, како и на дел од Водно за заштитен предел.
Ефикасната борба за заштита на животната средина, обезбедувањето на еколошки чиста и здрава околина, чист водух значи живеење по европски стандарди и вредности, но значи и поквалитетен живот дома. Затоа, сите заедно да придонесеме за европски, подобар живот, во нашиот зеднички дом.
Ал.Н.