дома Технологија Компјутери Сега може да испраќате пораки од Фејсбук до Инстаграм и обратно

Сега може да испраќате пораки од Фејсбук до Инстаграм и обратно

146
Вкрстување на пораки меѓу Фејсбук и Инстаграм Фото Facebook

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм започнаа да добиваат известување за новата можност за испраќање пораки помеѓу двете апликации. Опцијата „Cross-App Messaging“ им овозможува на корисниците да најдат корисник од една до друга апликација и потоа да му испратат порака.

Покрај текстуалните пораки, корисниците ќе можат да остваруваат видео повици и да споделуваат објави меѓу двете апликации. Секој корисник може да избере контакти од друга апликација што ќе може да контактираат со него, односно да не дозволува комуникација со оние што не сакаат.

Барањата за примање пораки од друга апликација, како и контактите кои ќе можат да ве контактираат, може да ги поставите на Фејсбук во поставките, под „Поставки за испорака на пораки“ (Message Delivery Settings).

Кога е активиран активниот статус (Active Status), корисниците на Фејсбук и Инстаграм ќе можат да видат дали корисниците на другата апликација се онлајн. Ова, сепак, не влијае на тоа кој се може да ги види вашите „Story“ објави на платформите. А.Н.