Годинешниот Виенски бал ќе се одржи на 16 март во 19.30 часот во хотелот Александар Палас. Годинава се слави дваесеттиот јубилеј. Програмата почнува во 19.15 часот со коктел, а во 20 часот е свеченото отворање.

Балот почнува со точки на танчерите од „Прима данца“ и оркестарот „Јохан Штраус“ под диригенство на Бисера Чадловска. Потоа ќе свират Џез Биг Бенд под диригентство на Џијан Емин, а ќе пеат Драган Бобиќ – Дексо, Лина Авшар, Џон Илија Апелгрин, ќе ги слушнеме и „Арт Бенд“, а Горан Алачки на хармоника. Ќе настапат и солистите на Балетот при Македонската опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук.

Ексклузивни гости се танчарите од Танцовата школа Елмајер од Австрија. Водителка на балот по прв пат е Вера Мештеровиќ.