Денеска се одбележуваат 107 години од раѓањето на Василие Поповиќ-Цицо, прв вистински карикатурист кај нас и еден е од основоположниците на театарската сценографија, пренесува МНТ, каде тој го работеше до крајот на животот.

Василие Поповиќ-Цицо (12.2.1914 – 10.12.1962) е автор без чија креативност, луцидност, шегобијност и сатиричност е тешко да се замисли македонската уметничка и театарска сцена. Неговата ширина на творечки подрачја го прави исклучителен — прв вистински карикатурист кај нас и автор на корицата на првиот буквар на македонски јазик, првиот грб на град Скопје и НР Македонија.

„Еден е од основоположниците на театарската сценографија — вработен во Народно позориште „Краљ Александар I“, Скопје од 1938 до 1941 година и од 1945 година во Македонскиот народен театар, каде што останува до крајот на животот. Светот го имаше Волт Дизни, а ние Цицо – автор на безброј карикатури, 30 сценографии и 14 костимографии во МНТ, човекот кој напамет го знаел делото „Сирано де Бержерак“, а често го читал Антон Павлович Чехов! “, се вели во соопштението од МНТ. А.Р.