Денеска се одбележуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев,идеологот и водач на револуционерното национално ослободително движење.

По тој повод владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот и споменикот на Гоце Делчев.

Ликот на Гоце Делчев, кој загина на 4 мај 1903 во селото Баница, останува запаметен како обединувач и визионер, кој пред повеќе од еден век порача дека „Светот го разбира како поле за културен натпревар на народите“ и таа порака сплотува и мотивира за почитување и унапредувања на правата во сопствената држава и пошироко со сите народи. А.Н.