Безбедноста на потенцијалната вакцина против КОВИД-19 е „првата и најважната“ работа, изјави денес главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Сумја Сваминанатан.

Изјавата е дадена откако компанијата „АстраЗенека“ го прекина тестирањето на потенцијална вакцина против коронавирус затоа што на еден учесник во студијата му се слошило.

– Фактот дека зборуваме за брзина не значи дека ќе почнеме да правиме компромиси или да фаќаме кривини кога станува збор за вообичаените проценки – рече Сваминатан на еден медиумски собир.

Таа додаде дека процесот мора да биде во согласност со „правилата на игра“.

„Првата и најважната работа во врска со лековите и вакцините што им се даваат на луѓето е дека треба да ја тестирате нивната безбедност“, рече овој научничката од СЗО.

Официјални лица на оваа организација сè уште не одговориле на прашањата за потегот на „АстраЗенека“ да ги паузира испитувањата на својата експериментална вакцина низ целиот свет поради необјаснетата болест на еден учесник во студијата.

СЗО претходно изјави дека вакцината развиена од Универзитетот Оксфорд со „АстраЗенека“ е веројатно најдобриот кандидат и дека нејзиниот развој отишол најдалеку. А.Р.