Светската здравствена организација на денешниот брифинг за медиумите предупреди дека корона вирусот сега е во нова фаза и според нив станува збор за огромна опасност од пандемијата. Извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом изјави дека, смртоносниот корона вирус брзо се шири во сите земји во светот, но особено на американскиот континент, па само за последните 24 часа се регистрирани рекордни 150.000 нови случаи.

Тој предупреди дека за спречување на пандемијата неопходни се рестриктивни мерки како одржување на социјална дистанца, носење маски и миење раце.

Според последните податоци на СЗО, ширум светот се регистрирани 8,33 милиони случаи на коронавирус, а умреле повеќе од 449.000 луѓе.