Мик Шумахер, возач на Формула 2 серијата, зборуваше за неговиот татко, славниот Михаел и во отворено писмо го откри она што го научил од татко си. Еден од најдобрите возачи воопшто, Михаел Шум ахер претрпе тешка повреда на главата во 2013 година, од која се уште се опоравува.

„Тој на прво место секогаш беше мојот татко. Јас не ги земам здраво за готово лекциите и советите што ги добив од него. Една од нив е никогаш да не бидам еуфоричен или премногу депресивен“, рече Мик Шумахер.

Тој посочува дека не му било лесно да се пробие и да се избори затоа што Михаел е неговиот татко.

“Сфатив многу рано дека сакам да бидам возач во Формула 1, да бидам шампион. Влегов во картинг кога имав три години, се натпреварував на национално ниво на осумгодишна возраст. На возраст од 11 или 12 години, знаев дека сакам да се тркам. Професионално.И користев различни имиња, се тркав инкогнито за да докажам дека не сум „син на тато“. Јас разбирам сè, татко ми е петкратен последователен шампион во Формула 1 во годините по моето раѓање. Никогаш не го гледав татко ми како најголем возач на светот “, додаде тој.

Мик Шумахер (21) се надева дека еден ден ќе може да се испроба во Формула 1.

Неговиот татко Михаел титулата ја освојуваше седум пати. А.Р.