дома Технологија Компјутери Скајп воведе нова опција: Видео повици без регистрација, од кој било уред

Скајп воведе нова опција: Видео повици без регистрација, од кој било уред

339

Скајп додаде нова функција наречена „Meet Now“ (мит нау) која ви овозможува да остварите видео повик со секого без да креирате сметка.

Бидејќи видео конференциите станаа единствениот сигурен начин за деловните активности да функционираат среде епидемијата со КОВИД-19, новата опција им ја олеснува комуникацијата на луѓето.

Опцијата „Meet Now“ Скајп ја претстави токму кога нивниот ривал Зум се соочува со многу проблеми, делумно со конкуренцијата делумно со неочекувано голем број на корисници.

Новата функција нуди слични опции, како што се снимање на состаноци, споделување на екраните и позадини на „замаглување“. Покрај тоа, оваа функција може да се користи на кој било уред, дури и ако немате инсталирана Скајп апликација и линкот за состаноци не истекува, пишува веб-страницата „Дигит“. А.Н.