По три години пишување на текстот на детската книга ,,Куферко светскиот патник од Македонија” и една година изработка на драмскиот текст за истоимената театарската детска претстава, дојде и денот за промоцијата на книгата и премиерата на драмата, кои се случија на 30 август 2021, пред платото на НОБ.

“Куферко светскиот патник од Македонија” е мало и љубопитно, темпераментно и срамежливо куферче, олицетворение на децата или на детето кое постои во секој од нас. Тој е симбол и спој на македонската традицијата и историјата, јазикот и културата, хуманоста и етиката.

,,Куферко светскиот патник од Македонија” е нашиот верен и искрен другар, кој на лесен и забавен начин ќе не воведе во неговите секојдневни активности и лудории, преку детската игрливост и наивност и на позитивен начин ќе не воведе во својот волшебен свет, вели авторката Симона Ристевска.

Оваа е прва книга од серијата на книги посветени на Куферко, за кои допрва ќе се слуша. Со сигурност може да се каже дека за прв пат во нашата земја во издавачката и драмската дејност, се создава автентичен, домашен бренд, кој долго ќе живее и ќе ги плени детските срца, ветуваат од тимот на Куферко.

Во изработка на книгата беа вклучени рецензентите Давор Стојановски и Алмира Папиќ, уредник Снежана Катарова, илустратор Симона Јовчевска, печатница Студентски Сервис и графичка подготовка Иван Пенев.

Во претставата беа вклучени повеќе професионалци :

Режисер: Трајко Јордановски

Сценографија: Бојан Бранѓолица

Светло дизајн: Милчо Александров

Изработка на костими: Катерина Митева Босковска

Шминка: Златица Поповска

Студио Абракадабра: Бранко Поп

К енд Д Аудио: Кристијан Младеновски

Илустратор: Симона Јовчевска

Графичка подготовка: Иван Пенев

Учествуваа:

Куферко: Биби Дабеска

Туристичкиот водич: Емине Халил

Дедо Константин и Шарко: Биџовски Борко

Бисера: Стефанија Начевска

Ристина и Саима: Симона Јовчевска

Очата Агим: Аг БА

Наратор: Маја Стојанова

Поддржано од директорот на Националната опера и балет Васко Ристов, Министерство на културата, Град Скопје, Дисковер Маседониа.