Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешнаат прес конференција информираше дека најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, битолчанец остварил најголем приход врз сите основи на годишна даночна пријава, додека скопјанка има најголем приход од игри на среќа во висина од 471.000 евра. Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра, додека највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра.                       Ал.Н.