дома Живот Сцена СЛАВЧО МИШЕВСКИ, СЛАВЧО 24: Распеаниот таксист, кој со помош на магионичар стана...

СЛАВЧО МИШЕВСКИ, СЛАВЧО 24: Распеаниот таксист, кој со помош на магионичар стана ѕвезда! 

388

“Мајка ми ме замислуваше во костум и пеперушка, а јас завршив пред камери!”, на почеток на својата Тв кариера изјави сега веќе нашироко познатиот и запаметен Славчо Мишевски, на јавноста попознат како Славчо 24. Се врежа во меморијата на публиката како нежниот рапеан таксист, со околу 150 скечеви, на Тв, најмногу на Наша тв со познатиот Ранко Рангелов, дел и  на Тв Сонце.

-Кога ја почнав уметничката кариера требаше да изградам препознатлив

лик и личност, и затоа почнав од уметничкото име, и се нареков Славчо 24, ни открива во улога на сам свој кум.

Но, неговиот талент го открил магионичарот Кристијан Меџик. Не посетува како тоа се случило.

-Возејќи со моето такси го запознав големиот магионичар Кристијан Меџик, го прашав„Кристијан, како би било мене да ме уфрлиш во твоите магии?“и сонот стана стварност. Тој ден Кристијан учествуваше на емисијата „Гала Шоу“ на ТВ Сонце, кај водителот и пејач Влатко Алексовски. Кога влегов во телевизијата од десната страна седеа Ранко Рангелов и Ферус Мустафов. Ме здогледа камерманот Баже Ангеловски,  кој ме познаваше од порано, само ја дигна камерата и почна да снима. Тие од зад камера ми ги дошепнуваа репликите, а јас повторував, и  така, пред десеттина години, се создаде првиот скеч „Шалтер“. Така започна и соработката со големиот имитатор, хуморист и глумец Ранко Рангелов.

Со години Ранко и Славчо изведуваа скечеви, кои се уште присутни и меѓу Македонците во Австралија. Но, она што силно го обележува овој самооткриен уметник е музиката. Членува во неколку хорови, а на Канофест пред неколку години освои и награда. Последниве години соработува и со Симе Георгиевски, радио водител и пејач од Сиднеј.

-Јас сум откриен како мултилталент. Постојано работам и се изградувам, сакам да направам нешто убаво, големо, што ќе ме исполнува мене и тие што ме слушаат и гледаат. Член сум во словенечкиот хор „Франце Прешерн“ и еврејскиот „Моис Хасон“, кој е под диригенство на големиот маестро Томислав Шопов. Јас не сум музичар, јас не сум аматер, а веќе компонирам забавни и народни песни. На „Канеофест“ пред неколку години  ја освоив третата награда од публиката со мелодијата „Посакав душо“, на текст на Драгица Стевковска, снимена во студиото „Кактус“ на Горан Милошески,за своите музички успеси ќе рече Славчо.

Порано никогаш не се бавел со уметност. Знаел дека има нешто уметничко во себе, дека е голем фантазер, дека има скриени таленти. Потоа сфатил дека за да биде на естрада  контактите, дружењето со одредена категорија на луѓе се битни, а тој  ги немал.

-Возејќи такси запознав многу луѓе, и тие мене. И така се откривав себе си, впрочем, кој сум јас. Во една прилика ја возев професорката -лектор од Филолошки факултет Нина Шкринариќ и таа ми рече дека извонредно рецитира. Потоа возејќи го магистер Виктор Јовановски од Филолошки факултет му изрецитирав една песна и тој ме нарече Жак Превер. Ја возев и професорка- лектор Бети Шелева, и изрецитирав една моја песна, таа констатира “Ти извонредно рецитираш!” Така го открив поетското во себе. И пејач станав преку такстото. Возев едно девојче на аудиција во еврејската заедница кај маестро Шопов, девојчето не помина, а Шопов ми рече „Да пробаш ти да запееш“. Кога ја запеав „Си заљубив едно моме“ ја повика менаџерката Берта Романо Николиќ, и ме праша „Момче каде си бил досега? Ти си тенор, во четврток на проба“ и така станав член на еврејскиот хор „Франце Прешерн“. Со хоровите имам доста патувано и настапувано дома и во странство, вели Славчо.

Актерските спобности, пак, ми биле откриени во еден мол, при промоција и продажба на нов производ.

-Јас го насочував купувачот кон производот, и брзо се купуваа. Веднаш потоа бев ангажиран во друг трговскиот центар, каде настапував 13 дена и правев анимации.

Но, тоа не е се што треба да го знаеме за Славчо 24. Тој е дипломиран економист, со работно место- таксист.

-Да, точно е, јас сум дипломиран економист, со работно место таксист, и тоа ми е извор на егзистенција. Како да се вратам на мојата професија кога досега не ми се укажала шанса, а верувам дека нема ни да ми се укаже ни во иднина. Мајка ми ме замислуваше во костум, со пеперушка и акт-ташна, а јас завршив пред камери. Но, си имам своја филозофија. Секоја работа што ја работам, колку и да била тешка, ја сфаќам како забава- игра. Пред да бидам откриен со моите таленти почнав да пишувам книга како стручна литератира за таксисти. Таквадосега не сум сретнал, но остана незавршена, немам време да постигнам, засега сценската ангажираност ми е во преден план.

И, за крај на овој текст најновото Славчо подготвува големо изненадување и како Славчо и “Брезите” и Славчо и “Џивџаните”, снима кај Цане Петров, нови песни и нови проекти, само нека помине ова лудило, да преживееме здрави и живи. Ако сакате да го поддржите овој уметник со некој заслужен лајк и коментар сторете го тоа на неговиот профил.