Доколку сакате да се информирате изворно од Министерството за здравство околу корона вирусот кај нас, тогаш превземете ја апликацијата МојВоздух/AirCare и сите информации ќе стасуваат на вашиот телефон.

На неговата фејсбук страна министерот Венко Филипче напиша: „Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести’“.

Апликацијата може да ја превземето од следниот линк:

Android:  https://getaircare.com/android
iOS:  https://getaircare.com/ios

Најновата верзија од Google Play и App Store може да се преземе, а во менито треба да се активира опцијата за нотификации. Сите новости ги има во делот „Вести“.

Министерот Филипче исто така ги повикува сите креативци кои сакаат и можат да помогнат во кампањата да го направат тоа. На неговата страница тој вели дека сите официјални препораки и информации кои им се потребни ги има линкот кој редовоно ќе се ажурира.  Линкот  е: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
Графичкиот активизам и поддршката на креативната заедница е многу важна во информативната кампања за COVID-19. Филипче го сподели и постерот на Теано Кардула кој изработил едукативен постер за заштита од вирусот.

 

Од коронавирусот во земјава моментално се заболени осуммина лица и сите се во стабилна состојба на Инфективната клиника во Скопје. Првозаболената пациентка е целосно оздравена и се очекува да биде пуштена дома, кажа Филипче.

Н.С.