Медицински работник во болница во Саутемптон се фотографира покрај сликата на Бенкси „Game Chager“ Фото - Tanjug-AP-Andrew Matthews-PA

Минатата година, за време на пандемијата на корона вирусот, славниот уметник Бенкси ја наслика својата позната слика наречена „Менувач на играта“(Game Changer), на која се гледа момче како игра со кукла на медицинска сестра, што е прикажано како суперхерој.

Ова уметничко дело се најде на аукција и е продадено за рекордна сума. Според светските медиуми, сликата на Бенкси, изработена во чест на британските медицински работници, е купена за 16,8 милиони фунти (19,5 милиони евра).

Аукциската куќа „Кристи“ изјави дека приходот од продажбата ќе се искористи за финансирање на здравствени организации и добротворни организации низ цела Велика Британија. А.Р.