Словенечкото Министерство за здравство го потврди првиот случај на коронавирус во земјата. Пациент кој пристигнал од Мароко преку соседна Италија е болен. Инфицираниот бил хоспитализиран во болница во Љубљана, пренесуваат словенските агенции.
До денес, повеќе од 350 луѓе биле тестирани за коронавирус во Словенија. Коронавирусот пристигна и во Унгарија. Премиерот Виктор Орбан објави дека двајца студенти од Иран се заразени.
„Тие сè уште немаат никакви симптоми, но инфекцијата е потврдена“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тие заминале во матичната земја за иранската Нова Година, а кога се вратиле во Унгарија, еден од нив побарал да биде прегледан за да види дали е заразен. Ова го изјави шефот на Националниот институт за заразни болести.

Во Франција веќе има 285 потврдени случаи на инфекција, според шефот на јавната здравствена служба,Жером Соломон. Тоа се 73 лица повеќе од вчера. Тој денеска на брифинг рече дека нема нови смртни случаи од оваа болест. Досега починаа четири лица, а 15 се на интензивна нега.

Во Европа Италија е најпогодена и досега има регистрирано 107 починати, а како што јавуваат италијанските медиуми денеска е подигнато нивото на безбедност и во Торино.

Кај нас нема нов регистриран случај на корона вирус, а според изјавите на министерот Филипче, единствената заарзена се опоравува.