дома Кујна Совршен оброк: смути за брзо обновување на изгубената енергија

Совршен оброк: смути за брзо обновување на изгубената енергија

На смутито додадете му прав од коноп и Chia семе што содржи два пати повеќе протеини отколку повеќето други семки, додека правот од коноп содржи многу високо ниво на едестин.

70

По трчањето или возењето милји на велосипед, без разлика дали тоа е вежбање во природата или трчање на трака, најдобро е денот да го завршите со квалитетен оброк. Ова подразбира 15 до 20 грама протеини потребни за градење на мускулите во комбинација со соодветната содржина на јаглехидрати и мала количина на маснотии.

Јаглехидратите се важни, за да го вратите гликогенот, што се троши за време на вежбање (тоа се честички за чување на глукоза – енергија за мускулите и клетките), при што е важно тоа да бидат јаглехидрати од овошје или зеленчук, што е богато и со антиоксиданси.

Еден од најдобрите избори за брзо обновување на енергијата после вежбање е чаша свеж пијалак. Основа на една таква енергетска бомби може да бидат листови од зелка или спанаќ, брокула, бидејќи тие се многу богати со антиоксиданси и ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и функцијата на срцето, но тоа може да бидат скоро сите видови на зеленчук и овошје.

Добар извор на протеини може да биде јогуртот или сурутка во прав, и ако му додадете лажичка Chia семиња или прав од коноп, тоа ќе стане вистинска енергетска бомба. Chia семињата содржат два пати повеќе протеини отколку повеќето други семки, а правот од коноп содржи многу високо ниво на edestin, протеин, што е многу корисен за развојот и за обновување на мускулите, но исто така и големи количини на магнезиум.

авокадо
Авокадо и тиква

Состојки: 1/2 чаша месо од тиква, најдобар од замрзнувач, 2 дл јогурт, 1/2 чаша вода, 1/4 авокадо, 2 лажици ленено семе, една лажица јаворов сируп.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки додека не се добие мазна пена.

Хранлива вредност (по порција): 383 калории, 22 грама протеини, 40 грама јаглени хидрати, 11 g влакна, 26 g шеќер, 17,5 грама масти, 4,5 грама заситени масти, 82 mg натриум.