дома Живот Сцена „Софт Машин“ преку објективот на Ангел Ситновски

„Софт Машин“ преку објективот на Ангел Ситновски

38

Во клубот „Станица 26“ на 14 март се одржа еден од најубавите концерти на „Градска сесија“ што ги организира „3 Гонга“. Овој пат, тоа беше концертот на „Софт машин“, со ведрите и расположени членови, кои освен што музицираа доста и зборуваа и раскажуваа анегдоти, случки, податоци, пловејќи низ времето од седумдесеттите, па се досега. Култниот бенд „Софт машин“ заедно со „Пинк флојд“, ја создаде британската андерграунд-сцена во 1960-тите години. Ова беше прво нивно гостување во Скопје.