дома Култура Театар и Филм Со „Исцелител“ неофицијално почнува „Киненова“

Со „Исцелител“ неофицијално почнува „Киненова“

22

Со  проекција на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески денеска од 18 часот во кино „Фросина“ неофицијално ќе почне третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој ќе се одржува од 5 до 10 октомври.  Од 20 часот  следи и проекцијата на „Изборот на кралот“, едно од норвешките остварувања кои годинава се со посебен фокус на фестивалот.

Фестивалот под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ официјално почнува в петок со премиера на македонскиот  „Ругање со Христос“ – дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи. Во натпреварувачката селекција на фестивалот до 12 октомври покрај овој ќе се прикажат уште седум филмови и тоа пет европски, еден од Иран и еден од Перу.