Годинашните Мајски оперски вечери почнуваат вечерва во 20 часот со онлајн премиера на новата продукција на операта „Кармен“. За ова издание на МОВ ќе бидат изведени 10 претстави – 8 опери и 2 балетски изведби кои ќе може да се проследат на официјалниот „Јутјуб“ канал на Националната опера и балет.

По вечерашната премиера, следната изведба е на 12 мај – балетската претстава „Рајмонда“, а следат „Турандот“ на 15 мај, а на  17 мај „Кавалерија Рустикана“и оперски концерт по повод 70 години од оперската уметност.

За 19 мај е предвидена онлајн изведбата на балетскиот концерт „Балетски бисери“, на 22 мај е операта „Фауст“, а на 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде изведена операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски.

Операта „Адријана Лекуврер“ е на 26 мај, а на 29 мај ќе биде изведена „Травијата“. За затворањето на Мајските оперски вечери традиционално на 31 мај, ќе биде изведена операта „Аида“.

Сите детали за онлајн изведбите на Мајски оперски вечери 2020, може да се најдат на оицијалната веб страна на Националната опера и балет, www.operabalet.mk, и на официјалниот „Јутјуб“ канал – www.youtube.com/user/makoib. А.Р.