дома Живот Животна средина Со срце за зелено Маврово – викенд еко акција

Со срце за зелено Маврово – викенд еко акција

58

Овој викенд Go Green-Биди Зелен и Ски Центар Маврово организираат еко акција насловена „Со срце за зелено Маврово” во која може да се вклучат сите кои сакаат да помогнат во чистење на националниот парк воедно и да уживаат во активностите во природа. За учесниците е предвидена и награда – ваучер за дневна ски-карта за Ски сезоната 2018/2019.

Aкцијата за чистење која започнува во 12 часот, ќе се одвива на следните локалитети:
lokaliteti mavrovo1. Детско одморалиште Бунец – кај„Чешма“
2. Пешачката зона од Инфо центарот до Маврови Анови
3. Околината кај Стариот Камп
4. Околината кај Ски центарот и спортските терени
5. Околината кај местото “Бојков Кладенец”
6. Околината кај Црквата “Света Петка”
7. Околината кај местото “Црн Камен”
8. Околината кај Коњаничкиот ранч кај селото Галичник

Програмата за денот е следна:
09:00 – Скопје (точната локација ќе се утврди) – Поаѓање со автобус кон Маврово;
11:00 – Пристигнување во Маврово, распоредување по локации, земање опрема;
12:00 – 14:00 часот – Акција за чистење на отпадните локации;
14:30 – 17:00 часот – „After work“ забава во Дискотека Ратрак (храна, пијалок, музика, забава);
17:00 – Заминување од Маврово.

Организаторот обезбеди и бесплатен автобуски транспорт на релација Скопје – Маврово – Скопје, а дополнително може да се организира и од други градови (на пр. Гостивар, Тетово) во зависност од големината на групите. Сите учесници во акцијата ќе добијат соодветна опрема, храна, пијалок, и ваучер за дневна ски-карта за Ски сезоната 2018/2019.

За да се пријавите во акцијата треба да го пополните формуларот на следниот линк, а дополнителни прашања и предлози може да се испратат на greenmavrovo@gmail.com. Акцијата се организира со поддршка на Свис контакт. Повеќе информации може да се најдат тука.