Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција ја информира јавноста за превземените активности околу следењето на Сашо Мијалков, по добиените информации дека планира бегство, но не признава пропусти во работата на МВР.

„МВР со сите расположливи срества ќе трага по бегалецот“ – најави Оливер Спасовски и потенцира дела за оние што не постапиле соодветно казни ќе мора да има, притоа не кажувајќи кои се тие што не постапиле соодветно.

Спасовски објасни дека јавната обвинителка Вилма Русковски со непотврдени информации го информирала за нејзините сознанија за евентуален план за бегство на Мијалков, но единствен надлежен за превземање мерки е ЈО кое може да даде соодветни насоки за дејствување на полицијата.

На прес конференцијата минситерот за внатрешни работи рече дека се сомнева дека постои крт во било која во институциите во кои со години наназад работеа партиски кадри.

Во однос на одговорноста, лилна и институционална, тој рече: „За да се чувствува одговорност значи дека сте направиле намерен пропуст, но МВР постапи веднаш по добивањето на информации со сите расположливи средства. Одговорноста треба да ја бараме во целокупниот систем и доколку не се реагира и не се консолидира системот, ќе имаме и други грешки. МВР не носи одлуки, само ги извршува.“

Минситерот Спасовски на новинарското прашање дали чувствува морална одговорност рече деке не треба да с еправи самозадволување со поднесување на обврската, за него оставката значи повлекување, а тој смета дека треба да се бори за консолидирање на системот

Тој го повика ЈО да истражи дали има одговорност и ако има да се казни тој што згрешил.

Спасовски вели дека според сите анализи и проценки Мијалков се уште е во државава и дека не ја поминал границата. И работат на негово пронаоѓање.