дома Култура Ликовна уметност „Стадо“ – изложба на Dreadpen и Ања Калин

„Стадо“ – изложба на Dreadpen и Ања Калин

3

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во МКЦ (Галерија 2) се отвори „Стадо“ – изложба на Давид Ристевски – Dreadpen и Ања Калин.

Општествените проблеми што нè опкружуваат локално се само мал исечок од големата глобална слика на светот што се менува со молскавична брзина, најчесто на полошо. Сите тие појави што на кој било начин ни будат непријатни чувства и ни го отежнуваат секојдневното живeење, без прашање влегувајќи во нашиот личен простор и слободата на изразување и живеење, најчесто лесно и бесрамно се игнорираат и само фиктивно се решаваат. Секој проблем има своја етикета, речиси никогаш не е обратно. А од друга страна, етикетите и нивното лепење најчесто не се никаков проблем.

Во фокусот на оваа изложба се токму секојдневните проблеми и негативните општествени појави, како и барањето начин да се поттикне нивното решавање. Фотографиите зборуваат за неправдата, бездомништвото, климатските промени, лошото образование, половата (не)еднаквост, дискриминацијата, булингот…