Министерор за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција информира дека ваучерот ќе може да се искористи од 15ти јули до крајот на годината, а со него ќе бидат опфатени граѓаните на кои од јануари до април годинава месечените примања им биле до 15 илјади денари. Тој појасни дека ако во едно семејство доколку еден од сопружниците зема поголема плата од 15 илјади денари, тогаш ваучер му следува на оној кој земаш плата до 15.000 денари.

На овој начин Владата ќе го поттикнува домашниот туризам. Со овие пари – сместување ќе може да се плаќа и во приватните сместувања како и во места кои издаваат соби. Граѓаните ќе треба само да го прикажат ваучерот, а потоа економија ќе ги исплати парите за сместување.

Бектеши објасни дека министерството ќе изработи веб страна на која граѓаните ќе може да видат на кои места ќе може да го искористат ваучерот, а најави дека веб страната ќе биде достапна за две недели.

Според Уредбата, ако сместувањето чини повеќе од 6 илјади денари, граѓанинот сам ќе си ја доплати разликата. Исто така ваучерот е само за една употреба.

Ваучерите, како и упатството за употреба, на граѓаните ќе им бидат доставени преку меил. Бектеши ги повика сите граѓани кои до крајот на следната недела нема да добијат ваков меил, а влегуваат во оваа категорија граѓани да се обратат во министерството.

Според пресметките опфатени ќе бидат околу 100 000 илјади граѓани, на нив им следуваат и 50 евра платежна картичка со која ќе може да купуваат домашни производи.

Н.С.

[🔴Во живо] Прес-конференција на министерот за економија, Крешник Бектеши

Публикувахте от Влада на Република Северна Македонија в Неделя, 31 май 2020 г.