Getty Images

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека патник што допатувал од Дубаи и кој има симптоми слични на грип е хоспитализиран на Инфективната клиника со цел да се утврди за каков вирус станува збор. Тој потврди дека за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите и ќе се знае дали се работи за коронавирус.

– Има симптоми слични на грип. Направени се тестовите и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите. Се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус, рече Филипче.

Станува збор за лице кое допатувало во земјава пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи. Прашање е како дури денеска, по неколку дена откако е стасан, му се прави крва слика?

Апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувтвуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.
Министерот потврди дека минситерството е подготвено и оти располагаат со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.
Страво од ширење на нова инфекција со вирусот корона е присутен низ цела Европа,   а ситуацијата во северна Италија е особено тешка. Во меѓувреме, бројот на сомнителни случаи на Балканот е зголемен, со потврдени случаи на заразени во Хрватска и Бугарија, а потврдено e и дека двајца дежавјани од Србија, членови на посадата на крузерот „Diamond Princess“ се меѓу ново заразените. Од друга страна пак, стасуваат информации и за успешно опоравени лица кои го имале вирусот.
Следниве мапи покажуваат каква е состојбата со вирусот корона во кои делови на Европа.

 

Италија

Најмалку седум лица починаа, а повеќе од 200 случаи на инфекција со корона вирус се потврдени во Италија, што доведе до воведување на посебни мерки. Најлошо е во Ломбардија, со 168 потврдени случаи, како и шест смртни случаи,  со најмалку 27 случаи во Венето. и еден смртен случај, по што следат Емилија Ромања (16 случаи), Пиемонт (3) и Лацио (3).

Поради брзото зголемување на бројот на заразени лица во Ломбардија и Венето, воведени се посебни мерки, така што полициски патроли го спречуваат населението да ги напушта градовите од овие региони со цел да не ја шират инфекцијата понатаму.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека 50.000 жители во 12 града во северна Италија би можеле да поминат неколку недели целосно одвоени од остатокот од земјата. Мештаните, пишуваат медиумите, веднаш почнале да купуваат храна. Луѓето чекаат во редици со часови пред продавниците за да купат основни намирници и средства за дезинфекција.

Балканот се подготвува за можна епидемија

 

Поради стравувањата дека епидемијата ќе се шири од Италија во соседните земји, во Словенија и во Хрватска се одржа вонредни состаноци на службите за здравствена криза.

Во Хрватска денеска е регистриран првиот случај заразен со корона вирус.

Во меѓувреме, Хрватска препорача нејзините граѓани да не патуваат во Ломбардија и Венето, а исто така ставија во карантинираат 42 студенти и четворица професори кои биле на патување на теренот во Венеција.

Сомнителни случаи на Балканот
Претходно, 46 лица беа под медицински надзор во Црна Гора, претежно кинески работници кои се вратија од Кина по прославата на Лунарната година. Инаку, црногорски државјанин е заразен со вирус и е ставен во карантин на крстаречкиот брод „Diamond Princess“ во Јапонија.

Црна Гора не забранува патувања надвор од земјата, но сугерира дa не se патува освен ако е апсолутно неопходно, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Мугоза рече дека доколку е потребно патување во тој случај, одговорност е на патникот и тој ќе треба да се пријави на граница и на санитарната инспекција при враќањето во земјата. Тој процени дека состојбата во Италија со коронавирус драматично се променила.

– Мора да испратиме порака до нашето население дека внимателно ја следиме состојбата и дека сме во постојан контакт со нашите колеги од регионот и од Италија, како и со Светската здравствена организација – рече Мугоша на прес-конференција, објави „Подгорица Њуз“.

Во Словенија, четири лица кои се наоѓале на крузерот, претходно биле ставени во карантин две недели. Словенија исто така издаде препорака до своите граѓани да не патуваат во оние делови на Италија каде владее епидемијата.

На северот на Европа, сите се опоравија?

Некои изолирани случаи се евидентирани во северна Европа
Што се однесува до северноевропските земји, од сите пријавени случаи – два во Русија и еден во Шведска и Финска, сите се опоравени. Во Русија двајца кинески државјани беа ставени во карантин. Засега не се пријавени нови случаи на оваа инфекција.

Во Велика Британија од 12 регистрирани случаи, десет лица опоравија многу брзо.  Сепак, стравот од нови случаи постои бидејќи патниците од крузерот „Diamond Princess“ сега пристигнале во земјата, при што четворица од нив се заразени од вирусот . Тие се сместени во изолација во центрите за заразни болести.
Во меѓувреме, Франција, која го загуби својот прв европски пациент, треба да пречека нова група граѓани на ЕУ од Вухан, епицентарот на епидемијата.

А.Накова