дома Живот Суспендирани летовите од Велика Британија

Суспендирани летовите од Велика Британија

136

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ја информира јавноста дека Владата ги забрани сите летови од Велика Британија во земјава.

„После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен ковид-штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија“, напиша Заев на Фејсбук.

Половина час пред оваа информација минситерот Филипче информира дека  Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија. Ова е предлог заклучок од утринскиот состанок на Комисијата за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Предлог мерката ќе биде предложена на координативниот штаб, а ја донесовме превентивно по информациите дека нова мутација на ковид-19, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.

Во неговиот допис тој потенцира: „Засега, Комисијата не ја разгледува опцијата за предложување на дополнителна мерка, како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.„

Македонија со Велика Британија е поврзана со летовите на нискобуџетната компанија „Визер“ која лета два пати неделно од Лондон (Лутон) до Скопје (во вторник и четврток).

Н.Доковска