Peiter Zatko, widely known by his hacker handle Mudge, is seen in this undated U.S. federal government photo. U.S. federal government/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

Социјалната мрежа Твитер, изложена на големи безбедносни закани, ангажираше еден од најпознатите светски хакери за решавање на проблемот, од инженерски грешки до ширење дезинформации.

Компанијата го назначи Пеитер Затко, попознат како хакерот „Муџ“, на позицијата шеф за безбедност и му даде широки овластувања да препорачува промени во структурата и практиките, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Затко ќе поднесе извештај до извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, и се очекува да го преземе управувањето по анализата што ќе трае од 45 до 60 дена.

Затко најави дека ќе ги испита „информатичката безбедност, интегритетот на мрежните страници, физичката безбедност, интегритетот на платформата, што почнува да влијае на манипулацијата со платформата и инженерскиот дел“.

Водач на позната група хакери

Живописната биографија на Затко започна во 90-тите години на минатиот век, кога тој истовремено водеше доверлива деловна работа за компанија што имала договор со владата и бил водач на „Култот на мртва крава“, група хакери познати по објавувањето на алатките за хакирање на „Виндоус“ за да го наведе „Мајкрософт“ да ја подобри безбедноста.

За време на својата кариера, Затко, меѓу другото, работеше на специјални проекти на Гугл и го надгледуваше распределбата на проектите за интернет-безбедност во Агенцијата за напредно истражување и дизајн на Пентагон (ДАРПА).

„Не знам дали некој може да ја поправи безбедноста на Твитер, но тој би бил на врвот на мојата листа“, рече Ден Кауфман, кој беше супервизор на Затко во ДАРПА и сега раководи со одделот за напредни производи на Гугл.

Твитер се соочува со низа безбедносни предизвици. Пред една година, американската влада обвини двајца информатичари дека шпионирале за Саудиска Арабија, додека работеле за Твитер претходните години и испраќале приватни информации за критичарите на таа земја.

Разбирање пред вклучувањето

Во јуни, група млади хакери измамија вработени во компанијата и добија пристап до внатрешни алатки, дозволувајќи им да ги сменат поставките за сметката на тогашниот претседателски кандидат Џо Бајден, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и лидерот на Тесла, Елон Маск.

Затко рече дека сака да ја подобри јавната комуникација на Твитер. Тој ги пофали неодамнешните потези на компанијата да ги натера корисниците да коментираат наместо едноставно да „ретвитуваат“. Следниот чекор ќе биде да се принудат луѓето да го разберат разговорот пред да се вклучат во него, рече Затко. А.Н.