Фото Reuters

Стотици приврзаници на Трамп ги пробија металните барикади и се судрија со полицијата во близина на седиштето на Конгресот на Капитол околу 13 часот по локално време.

Според „Вашингтон пост“, полицијата наредила евакуација на две згради во кампусот и објавила дека досега се уапсени десет приврзаници на Трамп, меѓу кои е и лидерот на ултра десничарската организација „Горди момци“.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на собир на свои приврзаници рече дека никогаш нема да признае победа на претседателските избори во 2020 година за новоизбраниот претседател Џо Бајден, тврдејќи уште еднаш дека има голема измама на гласачите на изборите.

Вкупно 535 членови на Конгресот, кој го сочинуваат Сенатот и Претставничкиот дом, ја започнуваат седницата во еден часот попладне по локално време. Со седницата претседава сегашниот потпретседател на државата и претседател на Сенатот, Мајк Пенс. А.Р.