epa06558755 Signage at the Tesla showroom at the pedestrian area Fressgass in Frankfurt am Main, Germany, 23 February 2018. EPA-EFE/MAURITZ ANTIN

„Тесла“, компанијата за производство на автомобили на Илон Маск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година. Така, ја надмина „Тојота“ според пазарната вредност и стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тојота“ е веднаш на второто место, додека „Тесла“ е повеќе од двојно повредна од „Фолксваген“, пишува порталот Индекс.хр.

„Тојота“ беше на прво место за кратко време, но најновите податоци покажуваат дека Илон Муск повторно го завзел врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 207,6 милијарди американски долари, што е за неколку милијарди повеќе отколку што вреди „Тојота“.

„Тесла“ е исто така повредна од „Кока-Кола“, „Дизни“, „Циско“, „Мерк“ и „Ексон Мобил“.

Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за скоро 350 проценти, достигнувајќи проценета вредност седум пати поголема отколку во исто време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е преценета, со оглед на испорачаните количини на автомобили во светот.

Многумина сметаат дека „Тесла“ е технолошка компанија, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, „Тесла“ испорача нешто помалку од 400.000 електрични возила ширум светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од „Тесла“. А.Р.