дома Живот Здравје Тоалетната хартија не е добро решение за бришење

Тоалетната хартија не е добро решение за бришење

54

Лекарите велат дека има две причини зошто конвенционалната тоалетна хартија не е најдобар избор за бришење на анусот. Првата е дека таа не успева да ги отстрани остатоците од измет целосно. Втората е ризикот од оштетување на ткивата околу анусот и појава на хемороиди, ако оваа област премногу често се брише. Исто така, постои зголемен ризик од инфекција на уринарниот систем кај жените (ако жената не се брише од половиот орган кон анусот, туку обратно).

Многу подобар избор се влажните марамчиња или миење на интимните делови од телото во биде по секоја вршење нужда.

Во некои земји, како Јапонија, Италија, Шпанија и Грција, луѓето имаат навика да користат биде по вршење нужда, мислејќи дека водата и сапунот се сепак најдобар избор. Јапонците масовно користат современи ВЦ школки кои имаат вградени уреди за прскање и сушење.

Роуз Џорџ, авторка на книгата „The Big Necessity: The Unmentionable World of Human Waste and Why It Matters” (Голема неопходност: Неспомнатиот свет на човечкиот измет, и зошто е важен), вели:

“Многу е збунувачки што милиони луѓе одат со валкани ануси, а мислат дека се чисти. Тоалетната хартија отстранува с** **то, но не го чисти”, објаснува таа.

Дека влажните марамчиња се подобар избор знаат некои светски познати личности, како холивудските актери Вил Смит и Теренс Хауард. Тие признаваат дека со години користат влажни бебешки марамчиња.

“Мошне едноставно може да се покаже зошто луѓето треба да користат влажни бебешки марамчиња. Земете чоколадо, размачкајте го на подот и обидете се да го избришете со сува хартија. Ова е причината да набавите влажни марамчиња. Сите кои користат обична тоалетна хартија, не си прават себеси никаква услуга”, вели Смит.

Неговиот колега Теренс Хауард вели дека не им верува на жените кои користат тоалетна хартија.

“Ако користат сува хартија, тогаш не бришат се. Једноставно, не останува чисто. Значи, ако влезам во куќа на жена и видам тоалетна хартија, ќе и го објаснам тоа”, вели тој.