Фото: Philipp Brandl/ AFP/ Profimedia

Силно торнадо синоќа го погоди германскиот град Кил кој се наоѓа на брегот на Балтичкото море и остави голема штета зад себе. Седум лица беа повредени, а градот беше целосно опустошен.

Снимките објавени од жителите на социјалните мрежи покажуваат како торнадото се приближува, а потоа ги отстранува покривите од куќите. Во воздух летале и чамци, а полицијата соопшти дека неколку луѓе завршиле во вода по силен удар на ветерот.

Итните служби ја поминаа целата ноќ на терен, во голема акција за спасување луѓе и санирање на штетата.

Во Германија годишно се регистрираат помеѓу 20 и 60 торнада. Синоптичарите наведуваат дека ова не можело да се предвиди. А.Н.