Самитот “Една планета” беше отворен од страна на премиерот на Фиџи, воедно и претседавач со COP 23, Френк Баинимарама, кој вели дека е неопходно да се поедностави технологија за мониторинг за следење на климатските промени, а францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, рече дека целта на самитот  е да направат дополнителни напори за намалување на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина.

Конференцијата се одржуваа на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, по американското повлекување од меѓународниот договор против глобалното затоплување, кој беше усвоен пред две години, исто така, во Париз за време на COP 21.

 

Покрај голем број на лидери од цел свет, САД го претставува амбасадорот на амбасадата во Париз, бидејќи Трамп не е поканет на самитот. Пред почетокот на самитот, францускиот претседател Макрон рече дека овој состанок нема за цел да собира донации, туку да се донесат конкретни решенија за проекти во однос на намалување на последиците од климатските промени.

Неколку стотици еколошки активисти се собраа пред зградата во која беше одржан собирот.