Во недела  од 19 часот во МНТ, „Трио Џентлмен“ промовира нова песна. Песната носи наслов „Немој веќе да ме чекаш“. Музиката е на Григор Копров, текстот на Огнен Неделковски, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.

„Дел Рио Филмс“ го изработи видео спотот по сценарио и режија на Александар Николоски. Амел Амед е директор на фотографија, а продуцент Оливер Ромевски.

„Трио џентлмен“ е составено од тројца оперски пејачи Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор, кои настапувале во земјава и во странство.