Уапсен е 27-миот тенисер во светот Николоз Басилашвили

225

Најдобриот грузиски тенисер Николоз Басилашвили е уапсен во Тбилиси. Полицијата го уапсила Басилашвили под обвинение дека ја претепал својата поранешна сопруга во присуство на детето. Тој ќе биде ослободен со кауција, но сè уште чека сослушување пред судијата закажано за 16 јули. Ова го соопшти во неделата прес-службата на генералниот обвинител.

„Истрагата утврди дека на 21.05.2002 година, Н.Б. (Николоз Басилашвили) во селото Авчала во Тбилиси извршил физичко насилство врз поранешната сопруга Н.Д.“, рекла портпаролката.

Кривичната постапка против 28-годишниот тенисер е покрената за кршење на законот „Семејно насилство во присуство на малолетник над член на неговото семејство“, од Кривичниот законик на Грузија. За тоа е предвидена казна општествено-корисна работа во траење од 200 до 400 часа или затворска казна од една до три години со или без ограничени права.

Обвинителството планира во блиска иднина да се жали во Судот во Тбилиси со барање за превентивна мерка за тенисерот.

Басилашвили во моментов се наоѓа на 27-то место на АТП ранг-листата. Тој е победник на три АТП турнири од серијата 500. А.Н.