epa09896967 A frame grab from an undated handout drone video first published by DPR militia commander Alexander Khodakovsky and made available by the Mariupol City Council shows smoke rising from the Azovstal steel plant during airstrikes in Mariupol, eastern Ukraine, 18 April (issued 19 April 2022). The Russian Defence Ministry on 19 April 2022 issued a statement calling on the Ukrainian forces in Mariupol "to cease any hostilities and lay down their arms. All who lay down their weapons are guaranteed the preservation of life." The city council on 18 April 2022 via their official Telegram channel said that at least 1,000 civilians are sheltering in the underground shelters of the metallurgical plant, and that heavy bombs were dropped on the Azovstal plant by Russian forces. EPA-EFE/MARIUPOL CITY COUNCIL HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

На педесет и шестиот ден од војната во Украина, денеска Москва им даде нов рок на украинските борци да ја напуштат фабриката за челик Азовстал. Сергеј Волина, командант на украинските маринци кои се борат во последното упориште Мариупол, рече дека неговите сили се соочуваат со „своите последни денови, ако не и часови“ и апелираше да им се овозможи да излезат од опколената фабрика Азовстал.

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Кремин во источна Украина додека украинските војници се повлекуваат. Украина постигна прелиминарен договор со Русија за воспоставување хуманитарен коридор кој би ги евакуирал жените, децата и постарите лица од опколениот пристанишен град Мариупол, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

„Имајќи ја предвид катастрофалната ситуација во Мариупол, тоа ќе биде во фокусот на нашите денешни активности“, напиша Верешчук на Твитер, пренесува Ројтерс.

Таа наведе дека обидот за евакуација ќе започне напладне по средноевропско време и предупреди дека „поради многу тешката безбедносна ситуација“ може да дојде до промени при таа акција.

Локалните власти тврдат дека илјадници луѓе загинале во опсадата на Мариупол и дека градот на Азовското Море бил целосно уништен. Украинските власти се надеваат дека денеска ќе испратат 90 автобуси во опколениот јужен град Мариупол за да евакуираат околу 6.000 жени, деца и стари лица, изјави градоначалникот на градот, Вадим Бојченко.

Претходниот обид да се постигне договор за хуманитарен коридор за цивили пропадна на 5 април. Оттогаш, нема успех во обидот да се воспостават сигурни коридори, за што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат.

Во Лондон им свртеа грб на „британските платеници“ кои беа заробени во Донбас во секунда, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Руските ракетни и артилериски единици во текот на ноќта извршија напади врз 1.053 украински воени објекти, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Тој тврди дека руските војници уништиле 496 украински беспилотни летала, 2.388 тенкови и други оклопни возила од почетокот на „специјалната воена операција во Украина“.

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео, на кое се гледа како „паметни проектили“ го уништуваат командното место на украинската армија. Руските сили го откриле и штабот на украинската територијална одбрана во училиште во Херсон на југот на Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.

Украинските власти ги евакуираат командантите на армијата од борбената зона, изјави портпаролот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Иван Филипоненко.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека во Лондон во секунда им свртеа грб на „британските платеници“ кои беа заробени во Донбас.

Норвешкото Министерство за одбрана денеска соопшти дека земјата и испратила на Украина систем за воздушна одбрана „Мистрал“ со 100 проектили, пренесува Ројтерс.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е важно да се спречи ширењето на војната во Украина во други земји, поради што „НАТО не може и нема директно да интервенира во војната“ во таа земја, пренесува АП. А.Н.