Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго

Во време кога културата ја следиме од дистанца, да се потсетиме на ексклузивното интервју со надалеку прочуениот унгарски диригент Даниел Сомоѓи – Тот, кој минатата година за прв пат гостуваше во Македонска филхармонија. Тој беше гостин на затворањето на Есенските музички свечености, кога македонската публика за прв пат имаше исклучителна можност да го проследи настапот на унгарската филхармонија и хор “Кодај”, под диригентство на господинот Тот. Овој значаен унгарски музички ансамбл наскоро ќе прослави стогодини постоење, еден век.

Задоволство ни е што сте за прв пат, како се случи поканата за гостување?

Даниел Сомоѓи Тот: Нашиот оркестар, Филхармонијата Кодал од Дебрецен, е еден од најстарите симфониски оркестри на Унгарија. Бевме поканети од културниот оддел на Министерството за надворешни работи да изведеме најдобар избор на претежно унгарска класична музика во Скопје и со одушевеност ја прифативме поканата.

Од она што можеме да забележиме, според репертоарот што го изведовте, меѓудругото имаше композиции од Франц Лист, Равел, Сарасте, Барток, Бородин, убава комбинација на класични дела. Дали е ова вашиот редовен репертоар или е специјално направен за настапот во Скопје?

Даниел Сомоѓи Тот: Оваа програма ја составивме специјално за нашиот настап во Скопје, за која јас дефинитивно инсистирав во оваа програма да ги има вклучено сите важни унгарски композиции. Ова значи дека на репертоар го имавме и Лист, и Кодаљ, и Барток на скопскиот концерт. Концертот го започнавме со еден од најголемите современи композитори, Јанош Вајда, кој го прослави својот 70-ти роденден пред неколку недели. Бидејќи, нашиот хор “Кодај” ни се придружува, публиката имаше можност да слушне и дел на акапела. Друг фокусен момент ни беше и унгарската џипси музика како и прекрасните композитори како Равел и Сарасте, чии многу популарни дела ги изведуваше Барнабас Келемен. Тој самиот потекнува од легендарно семејство на музичари.

Морам да забележам, унгарската култура и традиција е стара, многу богата и уникатна. Особено е специфична и различна од сите други. Ние сме просторно блиску, но не знаеме доволно едни за други. Благодарение на ангажирањата на амбасадорот, г-дин Ласло Иштван Дукс, научивме повеќе, неговата намера е јасна, да нè доближи едни кон други и да ја промовира современата унгарска култура. Но, колку е позната македонската култура за вашата земја?

Даниел Сомоѓи Тот: Мора да признаеме дека за жал, се чини дека знаеме многу малку за едни со други за нашите култури. Ова е причина и зошто ваков концерт е одлична можност да се отвори нов простор да започнеме да градиме мостови.

 Имаме убава стара народна музика, дали некогаш сте слушнале македонски песни?

Даниел Сомоѓи Тот: Претстојниот концерт нè направи љубопитни, па јас и моите колеги пребарувавме македонска музика на Интернет. Сметаме дека е фасцинантна! Вашата нова македонска филхармонија има одлична репутација и едвај чекаме да ја видиме и да свириме музика во неа!

“Есенски музички свечености” каде настапивте на завршната церемонија, е добро позната манифестација, а секогаш отворањето и затворањето, особено затворањето, по некое непишано правило, им припаѓаат на најдобрите. Од каталогот накратко прочитавме за филхармонискиот оркестар и хорот “Кодај” на Дебрецен. Веќе долго време постоите, имате значајни награди. Што друго е уште важно што треба да знаеме за вас од вашиот долг список на ексклузиви?

Даниел Сомоѓи Тот: Дебрецен е втор по големина град на Унгарија и единствен што има и професионален хор и филхармонија. Филхармонијата има исклучително широк репертоар на изведби, од барок до современа музика. Наскоро ќе ја славиме стогодишнината од постоењето на оркестарот.

Младите сега често патуваат во Будимпешта и сега сме поврзани со директна воздушна авионска линија, па ни станува честа дестинација. Но, што е со Вашиот Дебрецен? Што треба да знаеме и да видиме во овој град?

Даниел Сомоѓи Тот: Додека Македонија е планинска земја, Дебрецен е град на големата унгарска рамнина, и можеби најголемото рамно подрачје во Европа. Ова само по себе може да биде мошне привлечно за Македонците. Место кое посебно важи за “икона”, во негова близина е Хортобаѓ, на неколку километри од Дебрецен.

Некои познати Унгарци досега имаа настапувано во Скопје, како што се музичарите Тамаш Ерди, Иштван Вардаи, одредени познати писатели, но во одредена прилика ги слушнавме личните и интересни приказни на космонаутот Берталан Фаркаш и други. Овој пат имаме чест да имаме виолинист Барнабас Келемен и вие диригент Даниел Сомоѓи-Тот. Дали би било интересно да ни кажете што очекувавте од концертот кој веќе е зад нас и која е вашата порака до сите оние кои ве обожуваат и сакаат да ве слушаат во Македонија?

Даниел Сомоѓи Тот: Овој концерт беше полн со музички блесоци, а ние свиревме со голем ентузијазам. Се надеваме дека на публиката им се допаднавме и дека им ја пренесовме нашата страст, како што реков претходно, да градиме мостови меѓу нашите две држави.