На 10 декември во Офицерскиот Дом во Битола, ќе биде концертно претставен уникатниот проект на Нико Ѓоргиевски, насловен “КОРЕНИ”.

“Корени е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни (музички) влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли/филозофии на протагонистите. Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари Македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови”, вели Нико Ѓоргиевски во најавата за концертот.

Нико Ѓоргиевски – вокал и перкусии, на концертот ќе биде придружуван од Филип Димишковски – пијано, Стефан Петановски – гитара и Никола Бочваров – бас гитара. Специјални гости се Зарина Првасевда и “Јаничари”.

Влезниците се во продажба на билетарата на Офицерскиот Дом Битола, а цената е 300 денари.