Унгарскиот парламент, во кој владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан има двотретинско мнозинство, денес усвои закон со кој практично се забранува истополови парови да посвојуваат деца.

Во законот, предложен од владата на Орбан, се вели дека само брачните парови можат да посвојуваат деца, а самци само со посебна дозвола од министерот за семејство, објави Ројтерс.

Парламентот исто така го измени уставот, кој сега го дефинира семејството како заедница на татко, кој е маж и мајка, која е жена.

Унгарија не дозволува истополови бракови. Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца ако некој од партнерите се пријави да ги посвои децата како самец. А.Н.