дома Технологија Успешен InTech MeetUp #5

Успешен InTech MeetUp #5

43

Неодамна во Скопје, во Клуб ресторан МКЦ се одржа InTech MeetUp #5 во присуство на стотина посетители. Организаторите се задоволни од овој настан. Преку изјава се обраќаат до своите интересенти, на директен и сугестивен начин.

Тие велат: „Наш најголем интерес на овие настани е твоето искуство па затоа се надеваме дека успеа да си го надополниш знаењето со сè што се случува во светот на слободниот софтвер, неговите корени и историја и најважно за работата и теренот кои ги создаваат заедниците кои го поддржуваат и на еден начин одат во пакет со него.
InTech meetup за нас не би бил целосен настан доколку не беше стриман и евидентиран за да можеме повторно да се навратиме на шегите и интересните искуства кои се споделија. Жал ни е за сите кои не успеаја да дојдат и учествуваат. Се разбира ние мислевме и на нив, па видео од настанот може да се погледне тука, а фотографии тука.
Огромно задоволство и чест ни направија нашите драги Стопанска Банка АД Скопје, Cognism и Massive Interactive, кои на овој настан дадоа огромна поддршка со тоа што беа наши почесни спонзори и ни го направија задоволството уште послатко.